„На 27ми април полнев 37 години, ви благодарам на сите за честитките кои непрестајно пристигнуваат овие денови. 37години, 37родендени, полни со изненадувања од најблиските, многу роденденски забави, ковид родендени, мирни семејни родендени, работно поминати родендени, роденден во Белград, во Аленсон-Франција, во Фиренца-Италија на екскурзија, во Монако со друштвото, во Грција, роденден во кафич, во кафана, покрај базен, дома, на ден Велигден, онлајн на видео кол со друштвото, родендени со семејството и дување на свеќи со мојата внука Делфина, изненадувања под прозор од другарките итн. Најважно е да ги поминуваме родендените во добро здравје, со добра музика, добро друштво и среќни, благодарни и задоволни од животот. Другото е небитно. Ве сакам“, рече Елена.
Журка во Монако, па во Грција, но и под прозор со другарките: Елена прослави 37 роденден
Поп пејачката Елена Ристеска го прослави 37 роденден. Пејачката објави колаж фотографии од нејзините претходни родендени кои ги славела со најблиските, на одмор и екскурзии кога била со друштво низ европските метрополи. Објави и од роденденот кога била дома за Велигден со внуката Делфина.