Откако вчера беше објавена веста за смртта на Симеон Иванов – Канго, музичарот и режисер Александар Ристовски – Принц преку својот фејсбук-профил отворено кажа што мисли за сите што објавија песни од Канго или напишаа статуси во знак на почит кон него.
„Сега сите РИП легендо. Го разболевте, го умревте човекот. Лесно е да си злобен кон добриот“, стои во статусот на Принц.
Статусот на Принц предизвика бројни реакции. Повеќето коментари на неговите пријатели беа дека се сложуваат со напишаното и дека тие го мислеле истото, но и дека во Македонија владее лицемерие што се познава во вакви моменти.
Канго почина вчера по долго боледување, а веста за неговата смрт ја објави неговото семејство на социјалните мрежи.