На 29. издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков“ во Струмица, Звездана Ангеловска доби награда за најдобра актерка за улогата на Таа во претставата на МНТ, „Само глас“, во режија на Марјан Неќак. Таа е единствената актерка која по вторпат ја добива наградата „Ристо Шишков“. Фестивалот постои речиси 30 години.
Актерката покрај златниот медаљон со ликот на Шишков, доби и парична награда од 1.500 евра.
Претседтелката на жири-комисијата, Александра Пешевска вели дека Ангеловска својот лик го надградила со користење на музички средства и во секој миг била посветена и уверлива во својата креација.
Според неа, трансформациите на ликот го покажале нејзиниот актерски дијапазон.
Таа додава дека Ангеловска манифестирала модерен актерски израз во контекст на актуелниот глобален општествен миг.
На овогодинешниот фестивал се одиграа девет претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Во конкуренција за престижната награда учествуваа околу 30-ина актери.