Ѕвездата на „Сексот и градот“ Крис Нот обвинет за силување

Крис Нос, ѕвездата на „Сексот и градот“, е обвинет за силување две жени, објави „Холивуд репортер“. И двете жени користат псевдоними – Зои и Лили, а тврдат дека едната била силувана во Лос Анџелес во 2004 година, а другата во Њујорк во 2015 година, на сличен начин, со секс пред огледало. Девојките – Зои, сега 40, и Лили, сега 31 – кои го обвинуваат Нот дека сексуално ги нападнал, ги раскажаа своите приказни за магазинот.

Зои вели дека кога имала 22 години работела во фирма каде што познатите личности редовно се појавуваат за извршување на работните обврски.

„Тој ќе дојдеше до мојата маса и ќе флертуваше со мене. Некако го доби мојот број од именикот и ми оставаше пораки на работниот телефон. Мојот шеф рече:’Господин Биг остава пораки на вашата говорна пошта““, раскажува Зои.

Еден ден ја поканил во својот стан во зграда во Западен Холивуд  за да уживаат во базенот. Тој оставил книга покрај базенот и ја замолил да ја врати во неговиот стан.

„Тој рече: ‘Би сакал да знам што мислиш’. Помислив дека сум нова, а тој прашува за мое мислење,  во Холивуд бев само два месеца“, додава Зои

Кога влегла во неговиот стан, тој наводно ја бакнал. Тоа не ја вознемирило оти мислела дека бакнежот од г. Биг ќе биде забавна приказна што ќе им ја раскаже на своите пријатели. Но, таа вели дека тој потоа ја повлекол кон себе, ја поместил кон креветот, ѝ ги соблекол шорцовите и долниот дел од бикините и почнал да ја силува одзади. Таа била свртена кон огледало.

„Беше многу болно и извикав: ‘Стоп!’, тој продолжи. Реков: ‘Можеш ли барем да земеш кондом?’ и тој ми се насмеа“, вели таа.

Таа, наводно, била третирана во болница по случката, а докторот препорачал советување за траума.

„Го закопав тоа онолку длабоко колку што можев, а потоа навистина не ми беше добро и конечно отидов на третман што го препорачаа од болницата“, раскажува таа за своето искуство години подоцна.

Приказната на Лили започнува во ноќен клуб во Њујорк, каде што била келнерка.

Тој, наводно, ја поканил да одат на вечера и го продолжиле состанокот во неговиот стан, кој таа го нарекува „неверојатно место“.

„Слушавме музика, а тој ги има сите  книги за уметност и мода. Се обиде да ме бакне. Внимателно го забавував. Тој е постар и изгледаше постар. Постојано се обидуваше и се обидуваше и се обидуваше, а јас требаше поцврсто да кажам ‘не’ и да заминам. А потоа следно што памтам е дека тој ги спушти панталоните и стоеше пред мене“, раскажа девојката која стои зад псевдонимот Лили.

Лили вели дека наводно му посочила дека е оженет (со Тара Вилсон), а тој ѝ одговорил дека бракот е измама и моногамијата не е вистинска.

„Тој имаше секс со мене на стол. Бевме пред огледало.  Отидов во бањата и го облеков здолништето. Се чувствував ужасно. Тотално прекршено. Сите мои соништа со оваа ѕвезда што ја сакав со години исчезнаа“, продолжува во објаснувањето Лили.

Биле разоткриени и СМС-пораки меѓу парот во кои Крис, наводно, напишал: „Патем, морам да прашам дали уживаше во нашата ноќ минатата недела. Мислев дека е многу забавно, но не бев баш сигурен како се чувствуваш“.

Лили, наводно, одговорила: „Хмм… Секако уживав во вашето друштво. Одличен разговор. Да не навлегувам во детали во текстуална порака, но се чувствував малку искористено… Можеби подобро е а ова да зборуваме во телефонски разговор, но не можам да зборувам во моментов“.

Нот потоа, наводно, подоцна напишал: „Ако сакаш да се напиеш подоцна, не мора да биде кај мене… иако го имам најдоброто виски. Дојди да се напиеш една пијачка со мене пред да го напуштам градот. О, мистериозна… каде отиде“.

 

Нот се огласи на неофицијалните обвинувања, цврсто велејќи дека не ги нападнал и навредил девојките.

„Обвинувањата против мене од поединци што сум ги запознал пред години, па и децении, се категорично лажни. Овие приказни може да се од пред 30 години или пред 30 дена – ‘не’ секогаш значи ‘не’ – тоа е линија што не ја преминувам. Средбите беа консензуални. Тешко е да не се доведе во прашање времето на објавување на овие приказни. Не знам со сигурност зошто сега излегуваат на површина, но го знам ова: јас не ги нападнав овие жени“.

Scroll to Top