Бред Пит во плетен џемпер ја враќа модата од осумдесеттите

Во ретро плетен џемпер и капа во дречливо зелена боја, Бред Пит, пак привлече внимание со стилот. Холивудскиот глумец е сликан на улица додека оди на снимањето на неговиот нов филм „Волци“ во кој ја игра главната улога заедно со Џорџ Клуни.

„Пит ја враќа модата од осумдесеттите на голема врата“, велат стилистите.

Пит последниве месеци добива статус на модна икона, откако класичните костуми и спортскиот стил ги замени со покежуал варијанти. Тој често комбинира парчиња облека што делуваат неспоиви, а на премиерата на неговиот претпоследен филм лани летото се појави во сукња и доби комплименти од стилистите.

Scroll to Top