Моника Белучи првпат во јавноста го критикуваше поранешниот маж

Познатата италијанската актерка Моника Белучи (55) која со години живее во Франција, во интервју призна што сѐ парви за време на карантинот заедно со своите две ќерки.

Во моментов таа се наоаѓа во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот, а вели дека таа е единствената која се грижи за своите ќерки Девa (15) и Леони (9).

Сите обврски околу децата, како што тврди, ги извршува сама, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Венсан Касел (53), не е премногу заинтересиран за тоа.

Една од најубавите актерки на сите времиња живее со своите две ќерки во прекрасна куќа на француското крајбрежје.

Белучи вели дека не може да оди на плажа, но дека слободното време го поминува во својата градина. Актерката истакна дека нејзиниот свет се врти околу дневните обврски со своите ќерките.

Поранешниот на Белучи, Венсан касел, неодамна повторно стана татко и се пресели во куќа во близина на куќата на Моника.

„Се надевам дека Венсан конечно ќе започне да се грижи за сето ова“, рече Моника во интервјуто, и ова е прв пат во јавноста да упати критика на поранешниот сопруг  по разводот.

Scroll to Top