Учителките го заклучиле, па физички го злоставувале синот на Северина

Хрватската пејачката Северина ги обвини учителките на нејзиниот син Александар дека го заклучиле и дека физички го злоставувале. Пејачката вели дека тие не му дозволиле на нејзиниот сопруг Игор да го земе по крајот на часовите. Сето ова Северина го раскажа на прес-конференција и откри дека е револтирана од однесувањето на жените што треба да се грижат за нејзиното дете, пишуваат хрватските медиуми.

„Учителките на мојот сопруг Игор не му дале да го земе детето од училиште, туку син ми го заклучиле и физички го злоставувале. Учителките син ми го влечеле за рамената и за стомакот. Син ми сакал да дојде кај Игор, ама не му дозволиле. Добивам заканувачки мејлови од мојот бивш сопруг Милан. И сето тоа се случува бидејќи таткото на детето ми рече дека ќе ми го одземе синот. Милан наводно ја платил кампањата на градоначалникот Бандиќ, а училиштето во кое се случи сè, е под градска управа. Чувствувам дека нешто е гнило во Хрватска“, рече Северина на прес-конференцијата.

Северина рекла и дека не можела веќе да ги поднесе притисоците, па затоа решила да прозбори јавно.

„Јас сум единствената мајка која не смее на својот инстаграм-профил да објавува слики од сопствениот син зашто мојот бивш сопруг го реши тоа на сомнителни начини“, додала Северина.

Од училиштето на Александар не одговориле на обвинувањата на пејачката.

Scroll to Top