25 ноември, ден за борба против насилството врз жените

Статистиката вели дека секоја трета жена во светот била жртва на насилство, а 7 отсто жени во светот биле силувани. Над 85 отсто силувања се дело на блиските роднини на жената. Во Франција секој ден една жена умира под ударите на нејзиниот партнер. Над 40 отсто од брачното насилство започнува за време на првата бременост. Во светот 15 милиони млади девојки се жртви на договорен брак пред да наполнат 18 години. Сепак, за семејното наилство не треба да се молчи, пишува Нова ТВ.

Во 1999 година Обединетите Нации го одбраа 25 ноември за ден на борба против насилството врз жените. На тој ден во 1960 година беа убиени три сестри во Доминиканска Република.

Приказната на Минерва, Патрија и Марија Тереза Мирабал е започнува со нивната борба против дикаторот Рафаел Трухиљо во нивната држава. Минерва студирала право и подоцна станува првата жена доктор по правни науки. Таа била левичарка и одржувала контакти со комунистите. На Трухиљо му се допаѓала Минерва и се обидел да ѝ се приближи, но таа го одбила. Веднаш потоа таткото на Минерва бил уапсен и мачен, а и други членови на семејството биле ставени во затвор. Иако Минерва станува доктор, Трухиљо ѝ ветува дека ќе стори се за да не и дозволи да ја врши нејзината професија.

На 25 ноември 1960 година трите сестри тргнуваат во посета на нивните мажи кои се во затвор и никогаш не стасуваат на својата дестинација. Трите сестри се убиени со нож.

Во многу земји денес се одржуваат протести со кои учесниците сакаат да ги потсетат властите дека жените во целиот свет, без разлика на богатството и развојот на земјата, се жртви на насилство најчесто од нивните сопрузи, но и таткоци, браќа и други лица. Жените и денес се помалку платени од мажите за истата работа.

 

Scroll to Top