9 минути доволни за добар секс

Просечното време за една секс-партија трае 20-ина минути. Затоа, не грижете се ако имате секс пократко од ова време.

Според последните истражувања од 4.400 лица што учествувале во ова, се утврдило дека просечното времетраење на еден сексуален однос изнесува 20-ина минути.

Тука влегуваат и времето на предиграта за кое биле предвидени десетина минути, што произлегува дека просечното време на сексот траело околу девет минути.

За време на истражувањето луѓето биле прашувани за нивните сексуални навики и се покажало дека 52 процента од луѓето биле задоволни од времето поминато со нивниот партнер.

12 проценти од жените, односно 23 проценти од мажите, се изјасниле дека имаат желба сексот да трае малку подолго.

Ваквото истражување покажува дека времето поминато за предигра е идентично со она во кое е и сексот со пенетрација.

Истражувања биле правени и претходно, во 2008 година, кога испитаниците се изјасниле дека нивниот најкраток сексуален чин траел само 33 секунди, а најдолгиот 44 минути. Просечниот секс траел 5,4 минути.

Најдолга секс-партија 

Рекордот за најдолга секс-партија го држи филмската ѕвезда Мае Вест. Американката во триесеттите години го извела маратонскиот секс со љубовникот Тед, кој траел 15 часа.

Сексологот Вернон Колеман седел настрана од креветот додека тие двајцата ја пишувале сексуалната историја.

Најголем пенис

Сопственик на најдолго измерениот пенис во светот е Даниел Артур Меад, познат и како Лонг Донг Силвер. Американецот својата машкост, со должина од 48,3 сантиметри, ја покажувал во порнофилмовите.

 

Scroll to Top