Аки Ракимовски ги изненади гледачите на ХРТ со македонски народни песни

Легендарниот пејачки фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Ракимовски, имаше свое учество во новата забавно музичка емисија „А страна“ а она што ја изненади публиката беше неговата изведба на неколку македонски народни песни.

“Зошто си ме мајко родила”, “Битола мој роден крај” и “Како што е таа чаша” одамна не биле така добро отпеани, беа дел од изведбата на Аки во новото забавно шоу кое од сабота на 25-ти марти ќе се емитува на првата програма на Хрватската радио телевизија.

 

Scroll to Top