Актерот Ал Пачинои неговата девојка Нур Алфала (29) раскинаа три месеци откако добија дете, пишува „Дејли Мејл“. Нур наводно поднела барање за старателство над синот, со дозвола Пачино да може да го посетува. Потпишале и документи за старателство само шест дена по неговото раѓање.
Нур е подготвена за заедничко старателство во кое Ал Пачино ќе има право да одлучува за неговото образование, религија и лекување. За потсетување, двајцата беа во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година.
Веста за бременоста ја потврдија во мај годинава, откако Пачино побара да направи ДНК тест кој потврди дек е татко на нејзиното дете. Легендарниот актер веќе е татко на три деца, близнаците Оливија и Антон Џејмс Пачино (22) и ќерката Џули (33).