Ален Вокер ѕвезда на затворањето на „Скопје колинг“

Еден од најпопуларните диџеи и продуценти на денешницава, Алан Вокер, беше ѕвезда на затворањето на големиот музички фестивал „Скопје колинг“, во организација на „Авалон продукција“. Забавата почна со настапите на диџеј Љубиша, Кортекс, Дуоз и Сирилик. Но неколкуилјадната публика со нетрпение го чекаше настапот на Вокер.

Норвешкиот диџеј ја поздрави публиката на македонски јазик, а потоа го почна својот сет кој траеше 90 минути. 21-годишниот диџеј и во текот на целиот настап комуницираше со публиката. Таа реагираше со овации на секоја песна, но најмногу на најголемите хитови на Вокер, Alone и Faded. Популарниот музичар вечерта пушташе и големи светски хитови, а ја промовираше и својата нова песна Ignited.

Настапот на Алан Вокер на „Скопје колинг“ беше дел од неговата светска турнеја.

 

Scroll to Top