Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер го прослави својот 35.роденден заедно со неговата сопруга, српската тенисерка Ана Ивановиќ.
Германецот како вистински џентлмен упати јавна порака и комплименти за Ивановиќ за која вели дека не може без неа. Тој објави фотографија на која им се заблагодари на сите за убавите желби.
„Фала ви на сите за убавите желби. Тоа беше прекрасен роденден со мојата неверојатна жена“, напиша Швајнштајгер на објавената фотографија.
Ана и Бастијан велат дека имаат убав брак. Двајцата често знаат да објават заеднички фотографии. Покрај тоа што го имаат синот Лука, тие чекаат уште едно дете.