Анастасија Богдановска си замина од Канал 5

Водителката Анастасија Деа Богдановска која гледачите имаа можност да ја следат во утринските емисии на Канал 5, повеќе нема да биде дел од телевизијата.

Водителката која секое утро се појавуваше во емисијата „Фронт“ и беше во секојдневна комуникација со гледачите, повеќе нема да ја гледаме на малите телевизиски екрани. Местото го завзема нејзината колешка Милена Антовска.

Анастасија преку социјалните мрежи се збогува со своите гледачи, обожаватели и колеги од телевизијата.

Прв и последен ден. Дојдов и си заминав со насмевка, а така бев пречеката и испратена. Година ипол имав можност да соработувам, учам и напредувам со тим каков што секој може да посака. Година ипол имав можност да комуницирам со гледачите секој ден. Особено им благодарам ним и на нивната доверба, за секој кажан збор, за секоја одвоена минута, тука бев за вас. И има една вистина која не би ја знаел некој, освен ако не работи ваков вид на емисии, а тоа е: Треба да имаш “дебела кожа” за да можеш секој ден да застанеш пред камера, во живо и да успееш да бидеш професионалец. За професионалноста, говори мојот инбокс, преполн со пофалби и критики. За пофалбите и критиките од срце ви благодарам, тие ми даваа елан и жар за ова што го работев. ( И не, нема да ги објавам ни пофалбите, ни критикиките, тоа е наш момент, меѓу мене и оној кој ми пишал) Но имаше и навреди и етикетирање: сум била обоена, сум била сдсмовка, сум била вмровка…А токму тоа говори за мојата професионалност- непристрасниста. Оти во ваши очи (оние кои ме гледаа низ таа призма) бев едното или другото, па мојата одговорност како професионалец е постигната. Имаше и навреди, па токму затоа имав и една мисија. Кога почнав да работам контактна емисија во живо, сфатив дека навредите и етикетирањето се наше секојдневие…и не ги обвинувам гледачите. Не ги обвинувам воопшто. Таа вина ја носат јавните и државни лица кои го користат тој жаргон…Оти тие се идоли, тие се најприсутни во јавниот простор, од нив учиме…Факт е дека можеш да не се согласуваш со нечие мислење, постапки, работење, став, но можеш да го критикуваш без да навредиш…”муртинец”, “паторот”, ‘фрфљо”, “фикус” “ку**а”, “глупача”, “неписмен”, “идиот”….овие зборови се одраз на на нашето општество. И токму затоа, првиот ден кога застанав на “ФРОНТ” замолив да не се навредуваме меѓусебно, потенцирајќи дека секој може да си го каже својот став, без при тоа да навреди некој. Можеш да “отераш некој кај што никој не сака да оди” без да употребиш навреда и понижување…И најголем дел од гледачите го почитуваа тоа, за што сум им бескрајно благодарна. Оние кои ќе употребеа навреда или закана, секако дека беа исклучени…дали тоа делуваше дрско, апсолутно да. Иако секој ден, по неколку пати замолував да не навредуваме и да се држиме на темата… Втората работа за која добивав критика е дека сум “брборела” многу…за среќа пред екраните имавте лик кој има големо познавање од темите за кои се зборуваше. Мал број од вас знаат дека имам завршено политички науки и новинарство, отсек надворешна политика и меѓународни односи. И не дека е нешто многу битно, ама завршив со просек 9, 96. Токму затоа бев на тоа место, со слободна од уредништво, со вас да полемизирам на темите, да ме прашувате и да давам одговори. Дали мојата желба, навредите да ги замениме со конструктивна полемика и искажан став се исполни…или ќе се исполни, не знам. Но макар да влијаам на една личност, ќе сметам дека сум успеала.  Ова не е оправдување, затоа што стојам зад секој момент од моето тв битие, ова е поздравување со аманет: не навредувајте, колку и да не се согласувате со некого. И да. Да не сфати некој погрешно: си заминувам од Канал 5, благодарна за се, со пријатели за цел живот, по моја одлука, затоа што пред мене е нов предизвик за кој сум подготвена. Секако дека ќе се гледаме. Каде, што и како. Наскоро…“, напиша Анастасија на социјалните мрежи.

 

 

Scroll to Top