Авион кој летал за Барселона се вратил во САД заради силен пролив на еден патник

Авион на американската компанија „Делта“ кој летал  Атланта-Барселона се вратил назад откако еден патник имал експлозивен пролив. Авионот бил два часа во воздух кога пилотот побарал да се вратат назат во Атланта. Во аудиопорака објавена на Твитер, пилотот кажал дека еден патник имал дијареа низ целиот авион, но дека авионот бил исчистен, па следниот ден одлетал за Барселона.

„Делта“ потврди дека имало медицински проблем во авионот поради што бил вратен во Атланта заради чистење.

„Нашите тимови работеа најбрзо што можеа за да го исчистат авионот за да ги превеземе нашите патници до крајната дестинација. Им се извинуваме на нашите муштерии за доцнењето“, објавија од  „Делта“.

Scroll to Top