Бебето што се роди во урнатините во Сирија го посвои братучед на мајка му

Бебето од Сирија на кое му беше пресечна папочната врвца од мајката под урнатините во Сирија, го посвои нејзиниот братучед Салах ал Бадран. Девојчето се вика Аја. Ова име има неколку значења на арапски, а некои од нив се „чудо“ и „дар од Бога“.

Во земјотресот била уништена и куќата на нејзината мајка во градот Јандерис во северозападна Сирија. Салах ал Бадран и неговото единаесетчлено семејство успеале да побегнат, но моментално живеат во шатор.

„По земјотресот никој не може да живее во својата куќа или зграда. Само десет отсто од зградите овде се безбедни за живеење, а останатите се непогодни за живеење“, рекол тој.

Да потсетиме, спасувачите ја пронајдоа Аја во урнатините на повеќекатната зграда во понеделникот, повеќе од 10 часа по земјотресот, а бебето сè уште беше поврзано со нејзината мајка со папочната врвца.

Мајката, таткото и уште четири деца загинаа во земјотресот.

Мајката на Аја, Абу Хадија, најверојатно родила девојче, а потоа починала неколку часа пред да бидат пронајдени, изјавил д-р Хани Маруф во болницата Џихан во Африн.

„Ја нарековме Аја, за да престанеме да ја нарекуваме новороденче. Нејзината состојба се подобрува и нема оштетувања на карлицата, како што првично мислевме“, изјавил Маруф.

Илјадници луѓе на социјалните мрежи бараа детали за да го посвојат девојчето. Директорот на болницата, Калид Атиа, изјавил дека добил десетици повици од луѓе ширум светот кои сакале да ја посвојат девојката Аја.

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, објавија официјални лица од двете земји.

Scroll to Top