Били Ајлиш: Идиоти, не се продадов, само сакам да изгледам како вистинска жена

Били Ајлиш преку коментари им врати на фановите на Интернет кои ја нарекоа продадена за прифаќање на нејзината женственост.

Во сега избришаните објави што ги сподели преку нејзините сториња на Инстаграм викендов, познатата пејачка им се обрати на фановите кои постојано чувствуваат потреба да го коментираат нејзиниот стил, повикувајќи ги да ги остават жените да постојат, пренесува „Пејџ сикс“.

„Првите 5 години од кариерата ги поминав на судење од вие будали затоа што се облекував како момче. Постојано ми велеа дека ќе бидам позгодна ако се однесувам и се облечам како жена. И сега кога се чувствувам доволно удобно да носам било што дури и оддалеку женствено или фитинг, се сменив и се продадов“, напиша пејачката.

Обожавателите на Ајлиш јасно видоа како еволуираше нејзиниот стил со текот на годините, од ерата на нејзината широка облека и шарена коса до нејзиниот поженствен и гламурозен изглед на црвениот тепих.

„Искрено, го сакав нејзиниот претходен стил, навистина беше кул да се види позната и популарна девојка со тој момчешки стил, но да ја обвинуваш дека се продала затоа што веќе не се облекува така е премногу“, напиша еден фан на Твитер.

„Веројатно треба да се спомене и дека причината поради која воопшто се облекла „момчешки“ е да се обиде да го сокрие своето тело од перверзни мажи затоа што била малолетна“, напишала друга обожавателка на Твитер.

„Се сеќавам на првиот пат кога се појави во јавноста без капа. Коментарите беа толку одвратни и ужасни. Зарем ние жените не можеме да направиме ништо без луѓето да не нападнат или сексуализираат?“, истакна во коментарите еден твитерџија.

Нејзиното последно издание кое го привлече вниманието на многумина беше појавувањето на црвениот тепих на Мет Гала 2023 година во Њујорк на почетокот на овој месец, каде што носеше црн фустан во склад со темата „Карл Лагерфелд: линија на убавина“.

Scroll to Top