Светската музичарка Соник, вчера направи вистинска журка во Битола. Ги оправда очекувањата, на Белата ноќ во Битола. На широкиот сокак, битолчани учиваа во хотовите на британската пејачја и диџеј.
Пред Соник атмосферата ја загреваа диџеите Рикардо, Андреј Ѓошев, Љубиша Милошевски. Специјални гости беа диџеј Робин Мастер и Микел Оутзен од Данска.
Музичкиот свет Соник ја препознава како еден од највозбудливите артисти на денс сцената со потполно автентичен звук. Нејзиниот интернационален мегахит „Ај фил соу гут“ во 2000-та беше број еден хит на најголемите светски листи.