Бивша стриптизета го нарече Хари кукавица затоа што не ја спомнал во мемоарите

Бившата стриптизета Кери Ројал, позната како Лејди Доминик, го нарече принцот Хари кукавица затоа што не ја споменал во мемоарите. Рече дека многу малку пишувал за забавата од пред 11 години во хотел во Лас Вегас, кога во јавноста беа објавени фотографии од Хари без облека.

Откако се најдоа на голем број насловни на познати светски таблоиди, стигнаа и реакциите од кралското семејство. Во мемоарите Хари само напиша дека пријателите вечерта едвај го одвратиле од идејата да ја тетовира Боцвана, африканската земја која му е при срце.

Потоа повикале пет членови од персоналот во хотелот и две девојки кои ги запознале на масата за блек-џек, во неговиот апартман. Се согласиле да играат билјард на соблекување. Хари беше познат по екстравагантниот начин на живот и се согласил на таа идеја.

Но, во мемоарите ниту еднаш не ги споменал Кери и другите дојденци на забавата. Кери рече дека и покрај тоа што ја нема во книгата, добро се сеќава на таа ноќ.

„Подиве кога со уште девет девојки дојдовме во неговиот апартман“, рече Кери за The Daily Star

„Не однесоа во огромен ВИП апартман. Кога стигнавме видовме многу пијалоци и музика. Веќе почнаа да играат билјард и да се соблекуваат. Хари беше гол и насмеан трчаше во кругови. Гол ги прегрнуваше луѓето и зборуваше дека некој треба да му даде бела нараквица за да го глуми Мајкл Џексон“, се потсети Кери и додаде дека затоа што е родена во Велика Британија, ја однел во спалната соба.

„Ми рече дека му е неверојатно што запознал некој од Англија во Вегас и ми рече дека имам убави очи. Носев фустан преку бикинито. Брзо ми падна, па останав само во бикини, а тој веќе беше гол. Тогаш почнаа и другите да се соблекуваат. Не беше тоа оргија, туку повеќе го правевме на шега и забава“, рече Кери и додаде дека таа вечер принцот ѝ ги подарил боксерките.

Рече дека немале секс затоа што мажите испиле премногу. За потсетување, во август минатата година, на аукција во Лас Вегас, Кери ги понуди боксерките како и фустанот и костимот за капење кои ги носела.

„По таа вечер Хари стана досаден. Кога се забавуваше во Вегас сите го сакаа. Барем овие боксерки се потсетник на тоа каков беше кога беше принц“, рече нејзиниот портпарол за британските медиуми.

„Штета што сега е сериозен. Дури и како оженет татко на две деца, мислам дека треба да ја пушта косата одвреме навреме или барем тоа што остана од неа“, рече Кери.

Кери тврди и дека никогаш не работела како стриптизета, иако многумина мислеле дека е. Денес работи како филмски и телевизиски продуцент и има сопствена продуцентска куќа. Го коментираше и делот во мемоарите на Хари каде открива како ја изгубил невиноста од постара жена.

„Се насмеав кога го прочитав тоа. Кога го запознав, пишуваше дека сум многу помлада од него, а имав 41 година. Така отсекогаш знаев дека сака постари“, рекла Кери.

 

Scroll to Top