Поранешните мажи на Северина, Милан Поповиќ и Игор Којиќ, вечерале заедно во ресторан во Загреб. На вечерата им се придружила непозната жена со црна коса и останала со нив до крајот на вечерта. Додека тие се дружеле во Хрватска, Северина со синот Александар и со менаџерот Томислав е на Малдиви.
Фотографијата од Игор и Милан ја објави порталот „Индекс“ кој пишува дека сликата им ја испратил нивни читател.
Поранешните мажи на Северина се смирија лани летото и оттогаш се дружат. Игор беше гостин на роденденот на Милан, а беа заедно и на едрење на Јадранско море, па објавуваа и фотки.