Македонски пијанист, Бобан Мирковски на 5 август во „Долни Сарај“, под отворено небо во пијано ќе ги изведе најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001 година. Концертот ќе започне во 22:30 часот.
Магијата ќе ја надополнат извонредните вокални изведби на Агни Авшар и Ања Митиќ како специјални гости на концертот.
Бобан Мирковски потекнува од музичко семејство на Балканот и е најмладиот потомок на Благој Петров- Караѓуле. Неговото музичко образование го комплетирал во 2015 година со пост-дипломските студии на ФМУ Скопје, во класата на проф. Александар Сердар од Република Србија. На неговиот последен албум, во издание на „Баги Комуникации“ се поместени дела од најпознатите композитори меѓу кои Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Григор Копров, Влатко Стефановски, Кире Костов, Љупчо Мирковски, Димитар Масевски, Ванчо Димитров, Калиопи Букле, Дарио Панковски, Александар Митевски.