Мајката на Илон Маск, Меј ги замоли фановите да не го тераат син ѝ да се бори во кафез со Марк Цукенберг. Таа на „Твитер“ објави дека не се согласува со тепачката.
„Само без сензации. Борете се само со зборови. Во фотелји. Оддалечени четири метри, а најсмешната личност нека победи“, напишаа таа и додаде дека таа ја откажала борбата, но сè уште им нема кажано.
За потсетување, Маск го предизвика Цукенберг на боречки меч во кафез, а сопственикот на „Фејсбук“ го прифати предизвикот и само го праша за локација. Целата работа ја испровоцира еден од фановите на Маск, кој му напиша на „Твитер“ да се пази од Цукенберг затоа што тренирал џиу џицу.
„Јас сум за борба во кафез, а прифати“, напиша Маск, а Цукенберг само му побара да му испрати локација за тепачката. Маск предложи тоа да биде боралиштето Октагон во Лас Вегас.