Експремиерот Никола Груевски денеска го бранеше докторатот на Економскиот факултет во Скопје. Со него во придружба беа неговите две ќерки и неговата мајка Нада, но на бранењето не дојде неговата сопруга Боркица. По одбраната следеше коктел, со апетисани, бајадери, овошје и пијалак. Професорот, пак, пред кого тој го бранеше докторатот, ги пофалил децата на експремиерот дека биле многу воспитани, останале до крај додека татко им го бранел докторатот и биле многу мирни. Темата на докторатот е „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“, а Груевски ја бранеше пред петчлена комисија.