Брачна двојка од Битола им ги даде своите подароци од свадба на децата со оштетен слух  

Тазе брачната двојка Ана и Игор Стојанови од Битола подароците што ги добиле  на својата свадба им ги подариле на децата од Заводот за рехабилитација во Битола. Станува збор за деца со оштетен слух, говор и глас. Пред свадбата младенците на свадбените поканите ги замолиле гостите место букет цвеќе или бомбониера, да им подарат играчки, боенки или сликовници кои ќе бидат наменети за децата од Заводот во Битола.

Гостите кои дошле на свадбата, освен што ја испочитувале желбата на младенците, не штеделе во изборот на подароци. Со овој хуман гест Ана и Игор сакаат да ги охрабрат сите двојки кои планираат да стапат во брак да направат вакво нешто доколку можат. Слична донација за Заводот имало пред повеќе од една деценија.

 

Scroll to Top