Брајан Адамс доаѓа во Скопје

Канадскиот пејач Брајан Адамс на 13 ноември доаѓа во Скопје. Скопскиот концерт е во рамки на турнејата Shine a light наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Summer of 69, Heaven, Please Forgive me, Everything I do (I do for you), Have You Ever Really Loved a Woman се само дел од хитовите кои канадскиот пејач ќе настапи во салата „Борис Трајковски“.

 

Цените на влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни. Организатори се „Авалон продукција“.

 

Scroll to Top