Членка на управата на „Вол стрит“ го фрлила телевизорот од дома откако слушнала таен разговор меѓу газдите

Работејќи во „Вол стрит“ во 1984 година Остин Фитс го слушнала тајниот разговор меѓу раководителите кои разговарале за тоа како сублималната технологија треба да дејствува преку телевизиските бранови.

Поранешната  членка на управата на „Вол стрит“ и директорка на инвестициската компанија Dillon&Co, како и поранешна помошничка, односно асистенка на доверителите во Министерството за урбан развој во САД во текот на администрацијата на Буш Помладиот, Кетрин Остин Фитс, излегла во јавноста со шокирачки информации за разговорот што го слушнала во далечната 1984 година.

Таа дала ексклузивно кратко интервју за еден американски интернет-портал каде што спомнала дека откако го слушнала разговорот, кој никако не смеела да го слушне, го фрлила телевизорот од својот дом.

Остин предупредила дека денес не се користи само телевизијата за сублимални техники за програмирање во јавноста.

Предупредува дека техниката многу напреднала и дека корисниците ќе мора да бидат свесни дека врз нив сега ќе може да влијаат и мобилните, радијата, како и интернетот.

Таа укажала дека финансиските компании веќе долг период користат сублимални техники што им помагаат во убедување на луѓето, а дека истите за тоа не се ни свесни.

Сублимални пораки

Сублималните пораки е поим што ги означува пораките што се под границата на човековата перцепција па разумот не може свесно да ги регистрира. Тоа се сигнали или пораки  кои најчесто се вметнати во друг објект и имаат за цел да ги заобиколат нормалните граници на внимание.

Настанокот и развојот низ историјата

Почетокот на сублималните техники е врзан за дневниот печат од пред Првата светска војна. Имено, во 1917 година на насловната страница на американскиот магазин The Saturday Evening Post бил испечатен текст на Норман Роквел во кој бил инкорпориран сексот.

Историјата понатаму бележи користење скриени пораки во филмската индустрија. Во 1957 година истражувачот по маркетиншката наука и психолог Џејмс Вицари за време на прикажувањето на филмот „Пикник“ во едно од кината во Њу Џерси го спровел еден од најпознатите експерименти од овој вид. На секои пет секунди на платното се појавувале зборовите: „Гладен?“, „Јади колачи“ и „Пиј кока-кола“. Пораки кои биле вешто скриени во проекцијата на филмот, а траеле само 0,0003 секунди. Продажбата на пуканки во тоа кино е зголемена за 57.8%, а кока-колата за 18,1 %. Експериментот е наречен Invisible comercial.

Експериментите, се разбира, не се ограничени само на филмот и телевизијата. Во 1958 година радиото испратило WAAF во Чикаго, а емитирале звучни сублимални пораки. Сличен настан се случил и во врска со радиостаницата KOl од Сиетл, каде што се емитирани тивки потсвесни пораки, снимени под музиката, а една од нив гласела „Што велиш за еден филџан кафе?“

Сублимални пораки денес

Сублималните пораки  денес широко се користат во весниците, филмовите, музиката, рекламите на сите платформи, дури и во цртаните филмови. Интересно е што најкористените реченици, фрази и слики се поврзани со сексот. Објаснувањето е дека кога им се сугерира секс на луѓето се поттикнува нивната енергија во повеќе аспекти, а тука веројатно е и купувањето на производите што се рекламираат.

Ниту една сублимална порака не е јавно призната ниту потврдена. Овде се наведени некои од најинтересните примери:

Во еден од цртаните на Дизни на ѕвездено небо над море напишан е зборот секс. Исто така на промотивен плакат на истата компанија за еден друг цртан филм на цртежот на кулата јасно се гледа машки полов орган во ерекција.

Во филмот „Господар на прстените, дружината на прстенот“ наместо зборовите од книгата, напишан е зборот „кока-кола“, иако ова подоцна е коригирано.

На паричките  од 50 рупии на африканската држава Сејшели во горниот десен агол напишан е зборот „sex“.

Во песната Stariway to heaven на групата „Лед цепелин“ наводно се појавуваат сотнистички пораки. Имено, ако еден дел од песната се слуша наназад јасно се слуша текст во кој се споменува сатаната. Што е уште поинтересно, овој феномен наводно го откриле калуѓерки по вежбањето на песната. До откритието стигнале кога на радиото ја премотувале лентата, нешто што е многу слично кога песната се изведува наназад. Наведениот видеоклип има голема популарност на „Јутјуб“.

Контроверзии

Постојат многу контроверзии поврзани со сублиминалните пораки. Таквите пораки лесно можат да се применат и во смисла на манипулација со масите. Откриено е, но никогаш не е службено потврдено, дека САД многу често го користат зборот obey со цел американската јавност полесно да е прилагоди и приклучи на американските вооружени сили.

Исто така, во студијата на израелскиот научник Рон Хасин од отсекот за психологија во Хебрејскиот универзитет во Ерусалим се вели дека сублималното претставување на националниот симбол (како државното знаме) влијае не само на политичките ставови туку и на гласачките намери и на реалното гласање на општите избори.

 

 

 

Scroll to Top