Николина Жиљак е една од возачите кои поминаа седум часа зад воланот во 2018 година кога хрватските фудбалери ги возеше од аеродром до плоштадот „Бан Јелачиќ“ на дочекот.
Николина и сега седна зад воланот на автобусот и ја возеше репрезентацијата по бронзената медала освоена на Светско.
Николина остана запаметена по тоа што во 2018 година и покар молбата, не му даде на капитенот Лука Модриќ тој да седне зад воланот и да вози.
„Возењето на хрватските фудбалери беше возбудлив момент, професионално сигурно највозбудлив. Искрено, бидејќи знаев колкава е одговорноста, првично ја одбив понудата да ги возам светските вицешампиони. Но, моите децата брзо ме разубедија“, изјавила тогаш Николина.
„Секако дека повторно би ги возела нашите фудбалери. Но, како шампиони – На пример 2038 година пред пензија“, рече тогаш таа.