Дамијано од „Манескин“ раскина со девојката, откако бил снимен како се бакнува со непозната жена во клуб

Пејачот на италијанската група „Манескин“ Дамијано Давид објави дека раскинал со својата долгогодишна девојка Џорџо Солери.

Откако видеото на Дејвид како се бакнува со непозната жена во клуб стана популарно на Тик ток, пејачот се извини преку Инстаграм стори, истовремено објавувајќи го раскинувањето со Солери.

Дејвид (24) изјавил дека пред неколку дена раскинал со манекенката Солери и дека немало неверство, пренесува АНСА.

Солери (27) последен пат сподели фотографија со Дејвид на Инстаграм во мај, пишувајќи под фотографијата на која се бакнуваат „секој ден се повеќе и повеќе“.

Италијанскиот бенд Манескин убедливо победи на Евровизија 2021 година, а најголемо внимание привлече пејачот Дамијано Дејвид.

Scroll to Top