Даниел Крег и Рејчел Вајс се запознале на студии, а се вљубиле 15 години подоцна: Најтаинствениот пар во Холивуд

Актерите Даниел Крег и Рејчел Вајс важат за еден од најтаинствените парови во Холивуд. Се запознале во студентските денови, долго време пред да се заљубат и тајно да се венчаат во 2011 година.

Популарниот Џејмс Бонд и Евелин О’Конел од „Мумија“ се запознале на универзитетот, пред двајцата да станат светски ѕвезди. Нивната прва средба се случила во 1994 година во Националното театарско студио. Оперскиот критичар, Руперт Кристијансен, бил сведок на нивната прва средба. Тој ги видел како работат заедно на претставата „Големите хоризонти“, за куртизаните од 19 век. Кристијансен работел како историски консултант на претставата и често се дружел со нив.

„Ниту еден од нив не беше познат во тоа време, па нивната прва средба остана незабележена. Заплетот на претставата ги доведе во бројни љубовни клинчови и имаше многу сексуални сцени, но и сексуална хемија меѓу нив“, изјавил тој подоцна за „Дејли телеграф“.

По ова нивните актерски кариери тргнаа на различна страна и секој изгради свој успех. Многу години подоцна, тие повторно се сретнале, кога добиле улога на брачна двојка во трилерот „Куќа од соништата“. Во тоа време, деветгодишната врска на Рејчел со режисерот Дарен Аронофски била при крај, а и свршувачката на Даниел со Сацуки Мичел се распаѓала. До крајот од снимањето тие решиле да си дадат шанса и да откријат дали страста што постоела пред многу години може да прерасне во љубов.

Рејчел во едно интервју подоцна признала дека не им се случила љубов на прв поглед. Пред Крег повторно да влезе во нејзиниот живот, Рејчел поминала девет години со познатиот режисер. Тие во 2006 година го добија синот Хенри, но никогаш не се венчаа. Рејчел не сакала да се мажи, но Даниел успеал да ги промени нејзините уверувања за бракот.

„Никогаш не мислев дека ќе се омажам. Тоа не беше моја амбиција и размислував спротивно. Никогаш не можев да се поврзам ни со романтичните комедии. Но, тогаш едноставно се случи, бев среќна и позрела. Со гордост го носам прстенот“, изјави Рејчел за „Стандард“.

Нивната венчавка била тајна, а и кога јавноста дознала дека се во брак, тие решиле да го држат приватниот живот подалеку од јавноста. Тие и денес ретко се појавуваат заедно на некој настан, иако велат дека си се најголемата поддршка. На прашањата поврзани со нивниот брак ретко одговараат и тоа ги прави еден од најтајните селебрити парови во светот.

Scroll to Top