Данило Брестовац е новиот селектор на ракометната рапрезентација

By

Тренерот на Металург, Данило Брестовац, од следниот месец ќе ја води македонската ракометна репрезентација. Брестовац ќе дојде на местото на досегашниот селектор Раул Гонзалес.

По барање претседателот на Ракометната федерација на Македoнија, Живко Мукаетов, Брестовац до мај ќе работи на двете позиции, а потоа во целост ќе му се посвети на националниот тим.

Тренерската кариера Брестовац ја почна во Металург, пред 10 години, како дел од Ракометната академија на Металург. Во 2010 година стана дел од стручниот штаб на Лино Червар, како тренер на голманите и аналитичар, а паралелно беше тренер и на младинската екипа на Металург од генерацијата 1996-1998.

Во 2012 година беше ангажиран за селектор на кадетската репрезентација на Македонија, а веднаш потоа заедно со назначувањето на Обрван за селектор, Брестовац стана негов помошник во А-селекцијата.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AniWatch anime websites: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 20

GoGoAnime food wars gogoanime: Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12