Дениз Ричардс: Чарли Шин можеше да ми ја уништи кариерата

Холивудската актерка Дениз Ричардс вели дека врската со нејзиниот поранешен партнер и колега Чарли Шин е нешто кое се одвивало многу брзо. Во добата кога ги добиле ќерките, Чарли почнал да глуми во серијата „Два и пол мажи“, а од тогаш работите почнале да излегуваат од контрола вели Ричардс.

И покрај невољите кои тој брак и ги донел, Ричардс вели дека успеала во Холивуд, а нејзината кариера почнала да ја гради уште во тинејџерските години.

Додека била малолетна таа снимала реклами во Париз, Токио и Њујорк, а потоа зачекорила во филмскиот свет. На средината на деведесетите години била многу барана актерка. Глумела во серијата „Мерлоус плјес“, а потоа била и девојка на Џејмс Бонд. Сето тоа допринело за на Чарли Шин му западне во око.

Шин и Ричардс се запознале во 1993 година на снимањето на комедијата „Бесмртно оружје“.  Двојката се венчале во 2002 година, а заедно издржале само четири години. Проблематичниот брак со пет години постариот колега, за Ричардс дошол во прв план, а нејзината актерска кариера паднала во втор.

Ричардс открива дека поради проблемите кои ги имала со Чарли, трпела нејзината кариера. Тој е човекот кој можел да ја уништи, открива актерката.

„Немам никакви сомнежи дека турбуленциите во приватниот живот влијаеја на мојата кариера. Имаше улоги кои не ги добивав затоа што режисерите и продуцентите не сакаа да бидат во близина на Шин. Но, затоа сум уште погорда што сите овие години опстанав во Холивуд и со глумата ги плаќам сите сметки“, изјавила Дениз.

Нивната врска се одвивала брзо, а во добата кога ги добиле ќерките, Чарли на големо почнал да ја издига кариерата преку хит серијата „Два и пол мажи“.

Шин сите пари почнал да ги троши на коцка, дрога, алкохол и проститутки, а ни по дома ситуацијата не беше сјајна. Често имаше насилнички испади, па Дениз решила да се разведе од него во 2006 година. И чарли едно време имал забрана да ѝ се доближи на актерката.

„Во мојот живот имало лоши моменти, но ниту во најтешките денови не очајував. Знаев дека не смеам да се жалам, затоа што постојат луѓе на кои им е многу полошо од мене. Не сум гладна, не морам да живеам на пат, а имам три прекрасни ќерки. Тоа е доволно за да не заборавам колку животот е убав“, вели Ричардс.

Таа повторно се омажи во септември минатата година, за колегата Арон Фајпер.

 

 

 

Scroll to Top