Девојка од Македонија била на списокот на српскиот макро Михајло Максимовиќ

Скопјанка е вмешана во скандалот кој се случи во Србија пред три дена кога полицијата го уапси еден од најголемите макроа на Балканот Михајло Максимовиќ. За време на апсењето, полицијата кај Максимовиќ открила список со имиња на сите девојки и нивните клиенти, меѓу кои се нашле и познати личности.

Повеќето девојки биле од Србија, но имало и од Црна Гора, две девојки од Босна и една од Македонија. Во списокот со имиња полицијата открила имиња на познати старлети и учеснички на реалити шоуто „Задруга“. Меѓу нив биле имињата на Станија, Ана Кораќ, Мими Оро, Мина Врбашки, Сања Станковиќ.

Во спистокот имало уште една девојка од Македонија која со овој бизнис се занимавала подолго време пренесе Вечер. Таа најчесто работела со клиенти низ западна Европа.

Другата девојка е позната во јавниот живот во Македонија. Станува збор за скопјанка со иницијал С., која се занимава со музика и е активна на Инстаграм. На повик од Максимовиќ, таа често патувала во Белград.

Како што претходно пренесоа српските медиуми, Максимовиќ ги договарал средбите на девојките со нивните клиенти во скапи хотели и изнајмени луксузни станови. За сексуалните услуги наплаќал од 200 до 500 евра на час, или 2.000 евра доколку таа е со клиентот цел ден.

Едно од имињата кое се издвојува во списокот со имињата на девојките е Сања Станковиќ. Медиумите пишуваат дека и Максимовиќ имал посебни односи со неа. Станковиќ била една од најскапите девојки на Максимовиќ и ја испраќал само кај одбрани клиенти.

 

Откриена шемата на најголемиот макро на српската естрада, меѓу клиентите и познат политичар

Scroll to Top