Девојка со Даунов синдорм се појави на премиерата на филмот „Барби“ облечена како првата барбика со екстра хромозом

Девојката Софија Санчез со Даунов синдром, се појави на премиерата на филмот „Барби“ во Лос Анџелес. Таа е актерка и модел, а на црвениот тепих носеше рачно насликана цветна креација која е идентична на онаа во која е облечена првата барбика со екстра хромозом.

14-годишната девојка носеше и ланче исто како на популарната кукла и изјави дека била пресреќна што се почувствувала како вистинска Барби.

„Ланчето со три шеврони ги претставува трите копии од 21-от хромозом кои резултираат со карактеристики поврзани со Даунов синдром“, велат од компанијата.

Компанијата Mattel веќе неколку години се бори за инклузија на лицата со попреченост и за прифаќање на фактот дека убавината доаѓа во различни форми и големини.

Пред неколку месеци, брендот создаде Барби кукла со Даунов синдром, со цел да им овозможи на што повеќе деца да се пронајдат себеси во Барби и да поттикне чувство на прифатеност кај децата насекаде низ светот.

@the.sofia.sanchez Sofia announces the release of a new @barbie with Down synfeome on @gma ♬ original sound – Sofia Sanchez

Scroll to Top