Девојка со протеза на ногата ги освои симпатиите на жирито во „Танц со ѕвездите“

Хрватицата Маја Дробњаковиќ е учесничка во шоуто „Танц со ѕвездите“. Во 2017 година, едната нога и е ампутирана  до половина и носи протеза, но тоа не ја спречило да продолжи да спортува и да живее активен живот. И покрај тоа што живее со протеза на едната нога таа трча, планинари, игра одбојка како членка на женската хрватска репрезентација со која редовно настапува на европски и светски првенства, но и танцува.

Таа во „Танц со ѕвездите“ танцува со Марко Мркиќ. Во првата емисија танцувачкиот пар собра најмногу поени од стручното жири кое ги оценува. Минатата сезона Маја била гостинка во шоуто, а оваа таа е дел од натпреварувачите.

Таа по професија е професорка по кинезиологија, со гимнастика почнала да се занимава на 8 години. Со учеството во ова шоу, таа сака да им покаже на луѓето дека ништо не е невозможно и дека само треба да имаат доволно храброст.

 

Scroll to Top