Личности кои се популарни во Македонија, а чие потекло е од Турција. На листата се спортисти и актери кои ги гледаме во турските серии.
Еден од нив е Елиф Елмас, фудбалерот кој игра во дресот на македонската фудбалска репрезентација. Тој сега го носи дресот за Наполи. Тој е вториот македонски фудбалер по Панев што ја освои титулата во Италија.
View this post on Instagram
Се сеќавате на актерот кој го гледавме во турската серија „Романтичарот“, Џан Јаман. Актерот е роден во Истанбул, но неговите родители се со македонско потекло.
View this post on Instagram
Филиз Ахмет е актерка со македонско потекло, која е родена во Скопје. Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Филиз на јавноста и е најпозната по улогата на Нигар-калфа во серијата „Сулејман Величествениот“.
View this post on Instagram
Зејнеп Абдула ја паметиме од серијата „Бурни времиња“ која го толкуваше ликот на Ајлин. Таа е родена во Измир, но нејзините родители Македонци.
View this post on Instagram
Ерман Сабан е турски актер кој е роден во Скопје. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје. На македонската јавност ѝ е најпознат по улогата во серијата „Збогум Румелија“.
View this post on Instagram
Озгу Намал е турска актерка со македонско потекло, родена во Истанбул. Нејзините родители биле етнички Македонци кои мигрирале во Турција. Најзначајна улога на Намал е во турската телевизиска серија „Долина на волците“ каде што го толкуваше ликот на сопругата на Полат Алемдар.
View this post on Instagram
Џеди Осман е професионален кошаркар од Турција кој игра за „Кливленд Кавалирс“ во НБА. Роден е во Охрид. Тој минатата година направи свадба за паметење на брод во Охридско езеро, кога се ожени со Ебру Шахин.
View this post on Instagram