Џеф Безос има 196 милијарди долари и љуби шест години помлада водителка, еден од најбогатите луѓе го прослави 59. роденден

Џеф Безос, денес го прослави 59 роденден. Еден од најбогатите луѓе на светот чие богатство е проценето на речиси 200 милијарди долари има голем број компании и фирми, а најголемиот успех го доживеа со „Амазон“, која ја основа во 1994 година. Основач е и на Blue Orgin компанија која се занимава со производство на авиони и услуги за вселенски летови. Седиштето ѝ е во Кент во Вашингтон.

Во јули 1995 година, „Амазон“ доживеа голем успех. Испорачуваше книги низ САД и уште 45 други земји. Тогаш ја прошири компанијата со понуди за електроника, играчки и облека. На светот им го претстави Amazon Prime, револуционерна онлајн трговска компанија. Клиентите за само 79 го долари годишно добиваа брза и бесплатна достава во рок од само два дена.

Сега „Амазон“ планира да отпушти 10.000 лица со корпоративните и технолошки работни места. Ова е најголемото отпуштање во историјата на компанијата. Безос на „Твитер“ напиша дека тоа е резултат на слабоста на американската економија.

Низ кариерата го испрвоцира и поранешниот претседател Доналд Трамп. Во 2015 година, на „Твитер“, Трамп го критикуваше за неговата сопственост над весникот „Вашингтон Пост“. Го обвини Безос дека го користи медиумот како големо даночно засолниште за „Амазон“, на што Безос му одговори и се пошегува дека ќе го испрати во вселената. Од тогаш Безос стана се по популарно во јавноста, па дури го споменуваа и на Оскарите.

Од 2019 година беше во брак со Мекензи Скот, третата најбогата жена во САД. Заедно беа од 1993 година до 2017 година и добија четири деца. Од пред неколку години е во врска со познатата американска водителка Лорен Санчез со која често се појавува во јавноста.

Неодамна Безос рече дека сака да сподели голем дел од неговото богатство. На сметка има 196 милијарди долари, а повеќето од нив ги дава во борба против климатските промени и за поддршка на луѓе кои можат да го обединат човештвото кое е соочено со длабоко општествени и политички поделби.

Потешкиот дел е да откриете како да го направите тоа ефикасно. Не е лесно. Изградбата на „Амазон“ не беше лесна работа. Потребна беше многу напорна работа, еден куп многу паметни и вредни соиграчи.

„Мислам дека добротворството и филантропијата се слични, а исто мисли и мојата девојка Лорен“, рече Џеф. За потсетување, Безос неодамна и додели на пејачката Доли Партон 100 милиони долари и со тоа помогна на голем број деца низ светот им бидат дадени пристап до бесплатни книги.

Scroll to Top