Британецот Џејмс Есквит до својата 24. година од животот ги посетил сите 196 држави во светот. Со ова тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмладата личност на која и успеал тој потфат.
Есквит е роден во Сасекс, но најголемиот дел од животот бил во Лондон. Од дете штедел пари, работејќи се што можел. Кога имал 12 години им ги миел возилата на соседите, а за роденден и Божик барал пари наместо подароци. До 18. година заштедил пристојна сума по што паузирал со школувањето една година и отпатувал со пријателите во југоисточна Азија. Она што почнало како тримесечно патување се претворило во тура по целиот свет, која траела пет години. Во тоа време Есквит ги посетил и воените подрачја на Авганистан и Сомалија.
„Она што отсекогаш сум сакал да направам по посетата на секоја од тие држави е да го отворам светот на патувањата за уште повеќе луѓе и да им кажам како се прави тоа со најмалку трошоци. Така се роди идејата за апликацијата Holiday Swap“, рекол денес 28-годишниот Есквит во изјава за „Танјуг“.
Целта на апликацијата е да се охраброт луѓето повеќе да истражуваат и да им се овозможи размена во поглед на сместувањето, а сето тоа со голем удел на општествена и медиумска поддршка.