Празничниот хит „На Велигден“ на Џина Папас Џокси во деновите пред и за време на најголемиот христијански празник е најслушаната песна. Пејачот преде неколку години откри како настанала песната. Вели дека рефренот е инспириран од баба му Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, прадедото на Џокси, Коста, ѝ ги враќал стројниците кои упорно доаѓале за Велигден.
Првичната верзија на песната е снимена на грчкиот остров Крит. Кога Џокси се вратил од Сплит и одлучил да ја сними песната го побарал Тоше Поп-Симонов.
„Го начекав на Крит каде неговата сопруга специјализираше и во тој период таму го имаше преселено целото студио. Ги начекав во една многу растроена ситуација, згрозени од однесувањето на Грците и нивните префрлувања дека ние како народ, како држава не постоиме. Ја земав гитарата и почнав да ја свирам „На Велигден“. На тројцата ни потекоа солзи“, раскажал Џокси за легендарната песна.