Џуниор Џек ја изневери Каја

Српската пејачка Каја Остоиќ не престанува да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, но една од нив посебно го привлече вниманието на јавноста. Имено, за луѓето кои следат буквално сè интересен беше описот под фотографијата, а гласеше: „Пепел за пепелот, прав за рибите од страна“. Ова е преводот на нејзината порака во која таа спомнува „side chicks“, односно „девојки со кои мажите ги изневеруваат своите жени“.

Токму затоа и се запрашаа дали нејзиниот сопруг, музичарот Џуниор Џек, ја изневерил и сметаат дека ова ги потврдува шпекулациите дека нивниот брак одамна е на „стаклени нозе“.

Дали ќе се разведат или Каја најавува нова песна, останува да видиме.

Scroll to Top