МКЦ во Скопје објави дел од музичката програма за прославата на својот 50. роденден, која ќе биде 28 декември. Журката на која ќе се спојат минатото и сегашноста ќе биде во Денсинг салата на МКЦ, а ќе настапат „Санаториум“, „Бадмингтонс“, „Чиста околина“, Дина Јашари, „Суперхикс“ и „21 век“. Влезот е бесплатен, а концертите ќе почнат во 21 часот.
Во следните денови ќе има уште неколку објави поврзани со прославата на јубилејот на МКЦ.