Доли Партон верува дека флертувањето со други мажи е здраво за бракот: „Не сме љубоморни и никогаш не сме се изневериле сексуално“

Пејачката Доли Партон има зачинет отворен брак со сопругот Карл Томас Дин (56). Таа имала само 18 години кога го запознала 21-годишниот Карл, а парот набрзо се венчал во 1966 година.

Иако никогаш не добиле деца, таа помогнала во одгледувањето на неколку нејзини помали браќа и сестри, како и внуки и внуци.

А тајната за толку долг, среќен брак? Очигледно флертувањето со други луѓе било дозволено. Кралицата на кантри музиката Доли признава дека мажите се нејзината слабост, но вели дека Карл знае дека е лудо вљубена во него. Пишувајќи во своите мемоари од 2017 година таа призна:

„Тој не е љубоморен и не сум му љубоморна. Тој знае дека флертувам. И тој флертува. Да, тоа е отворена врска, но не и сексуална и би го убила ако воопшто мисли да го направи тоа. И тој мене. На крајот на денот, лудо се сакаме“.

Доли сака да изгледа што е можно подобро за својот маж. Зборувајќи за „Е!“, таа објасни:

„Секој ден се шминкам и ја поправам косата затоа што си мислам: ‘Па, цел свет има можност да ме види цела дотерана, а јас не сакам да му изгледам лошо кога сум тука дома. Важно ми е да изгледам најдобро’. Мислам дека тој став помага нештата да останат зачинети“, рече таа.

Во една прилика за „Дејли Мејл“ го призна следново:

„Мажите ми се слабост. Низок, дебел, ќелав или слаб – се заљубувам во многу необични мажи, но Карл знае дека секогаш ќе се вратам дома и нема да сум интимна со овие луѓе – само флертувам и се забавувам“.

Иако никогаш физички не го изневерувала својот маж, Доли признала дека се впуштила во катастрофална емоционална афера. Таа сфатила дека има чувства кон маж чиј идентитет никогаш не го открила, што отишло предалеку.

Текстот Доли Партон верува дека флертувањето со други мажи е здраво за бракот: „Не сме љубоморни и никогаш не сме се изневериле сексуално“ е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top