Драган Бјелогрлиќ и Бред Пит: глумец на 60 години на Балканот и во Холивуд

Драган Бјелогрлиќ и Бред Пит деновиве се главни на „Твитер“. По финалето на Вимблдон фановите почнаа да се шегуваат за тоа колку си личат. Холивудскиот глумец јадејќи чипс уживаше во играта на Ѓоковиќ и Карлос, а фановите коментираа за тоа колку бил убав.

„Изгледа не старее. Ист е како на почетокот на кариерата во деведесетите“, беа некои од нив, а потоа го споредија со Драган Бјелогрлиќ.

„60 години на Балканот и во Холивуд“, се пошегува еден, а друг пак коментираше дека било до водата. „Онаа ватрената, ние локаме ракија они дуваат мара, затоа се поубави“.

И Бјелогрлиќ ги сподели фотографиите и напиша: „Гледам дека ова е хит“.

За потсетување, Бјелогрлиќ е најпознат како режисер на филмовите „Монтевидео, Господ те виде“,, „Монтевидео, се гледаме“, „Сенки над Балканот“, но и за улогите во серијата „Подобар живот“ и филмот „Семејно богатство“. Неговиот последен успех беше „Тома“ за животот и делото на пејачот Тома Здравковиќ од 2021 година, за кого се снима и серија.

Scroll to Top