Бонан Милошевски од „Авалон“ му подари дрес од Вардар на Стинг. Дресот го чувале неколку минути пред крајот на натпреварот, а Бобан решил да го изненади откако Вардар стана европски шампион.
И Стинг го гледал натпреварот заедно со екипата од „Авалон“ и навивал за македонскиот тим.
Вечерва музичката ѕвезда ќе има концерт на стадионот „Тоше Проески“, кој ќе почне со половина час задоцнување поради освоената европска титула.
„Првата честитка за ВАРДАР од СТИНГ лично – од бекстејџ, минута по завршување на мечот! Го чувавме дресов до крај! Ајде сега сите на Градски! Фото на годината, чиста историја”, напишаа под фотографијата од Авалон.