Два континента во светот се поштедени од војна

Речиси неприметено поминува веста во јавноста, дека преку градот Ходејда во Јемен, се отвора хуманитарен коридор за доставување на помош, пред се храна за 8,5 милиони жители.

Во време кога живееме во целосна достапност на информации, останува фактот дека обичните граѓани многу малку знаат за војните, трагедиите, страдањата на луѓето, особено во далечните земји, особено африканските и азиските.

За жал речиси да нема континент на кој во овој момент не се води војна, во поголем или помал обен, со исклучок на Австралија и јужниот пол, односно Антарктикот.

Азија и Африка се континенти на кои има најмногу војни. Во Азија веќе осум години трае сириската граѓанска вона, која започна во 2011 година. Почна како протест против власта на Башар ел Асад. Во таа војна вмешани се повеќе земји, од Русија и Иран кои ги поддржуваат силите на Асад, до САД и другите западни земји кои ги поддржуваат бунтовничките сили, затоа што, како истакнуваат западните сили, овие бунтовници се борат против Исламската држава во Сирија.

 

Во Авганистан не е прекината војната уште од 1978 година, кога во таа земја беше изведен воен удар. во 2001 година, со американска воена интервенција, во Авганистан започна војна против Ал-Каеда и талибанските бунтовници, а која до ден денес не е завршена.

Од почетокот на 2008 година, во таа војна загинале преку 9000 луѓе. Од 2003 година трае граѓанската војна во Ирак, каде ирачката власт водела војна против Исламската држава.

Иако во декември во 2017 година, ирачката власт прогласила победа над Исламската држава, насилието на екстремистите трае до ден денес. Од 2011 година до денес трае војната во Јемен, во која и по обединувањето на земјата во мај 1990 година, длабоката поделеност од некогашниот Северен и Јужен Јемен не е надмината.

Најактуелниот конфликт меѓу бунтовниците против централната власт, која има за цел обезбедување на големо политичко влијание.

 

Бунтовниците, Хути истовремено ја обвинуваат владата за поврзаност со Саудиска Арабија. Тие сметаат дека е занемерен националниот развој и потребите на традиционалното племе Зеиди, каде Хути е нивниот огранок.

Во моментов во тек е операцијата „Златна победа“, изведена од коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Коалицијата во четвртокот го завземала градот јужно од Ходејда, по жестоките борби и воздушните напади.

Низ Ходејда минуваат околу 70 проценти од храната која влегува во Јемен, како и повеќето хуманитарна помош и гориво. Понатаму актуелен е палестинско израелскиот конфликт кој трае од 1965 година.

Неодана на израелската граница со Појасот Газа биле одржани шестнеделни протести на Палестинците, против блокадата на границата.

 

Пакистан и Индија воделе повеќе војни околу регионот Кашмир, а конфликтот поради тој повеќегодишен спор до ден денешен носи нови жртви.

Во Африка од 2009 година до ден денешен траат борбите против екстремистичките групи Боко Харам.

Боко Харам започна бунт против нигериската влада, насилие кое ескалирало во 2014 година, со повеќе од 10.800 жртви. Конфликтот се прошири на соседната држава Камерум, Чад и Нигер.

Конфликтите во помал или поголем обем се актуелни и понатаму во Египет, Либија, Сомалија, Судан и Централоафриканската Република.

Ни Америка не е поштедена. Од 2006 година трае војната со мексиканската влада против нарко картелите. Што се однесува до Европа, тука сеуште тлее конфликтот во Украина.

 

 

Scroll to Top