Каратистите Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ освоија два бронзени медали на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое се одржа во Ларнака, Кипар.
Македонските каратисти се натпреваруваа во дисциплините У21 кумите -84 и +84.
Трајковски во својата категорија се натпреваруваше со натпреварувачи од Италија, Португалија, Хрватска, Украина и Белгија. Додека Стојановиќ против натпреварувачи од Грузија, Ирска, Чешка, Италија и Словачка.
На ова првенство настапија 1.114 каратисти од 48 држави.