Две сестри тинејџерки нови жртви на „Синиот кит“

Две девојки од Русија, Марија (12) и Анастасија (15), извршиле самоубиство скокајќи од зграда, а полицијата истражува дали оваа трагедија е поврзана со играта „Син кит“, кои младите ги повикува на самоубиство.

„Синиот кит“ се вратил и опасен е повеќе од когав било. Крвав напад во Русија е поврзан со игра на смртта, која убива деца во 50 чекори.

Несреќата се случила во градот Ижевск, а телата на сестрите пронајдени се во снег под прозорецот на станот во кој живееле.

Се стравува дека во последните неколку години стотина руски деца си го одзеле животот кога почнале да ја играат озлогласената онлајн-игра „Син кит“, која преку 50 чекори ги води во смрт.

Полицијата ќе ги истражува нивните мобилни телефони и компјутери за да утврди дали тие се жртви на истата игра.

Само неколку секунди пред смртта, Марија на социјалните мрежи ставила слика од своето момче, каде што од срце и со смајли му порачува: „Те молам, прости ми. Те сакам многу. Знам дека ќе најдеш подобра од мене“.

Scroll to Top