Поп пејачката Елена Петреска во период кога на македонската естрада царува штама и повеќето нејзини колеги се препуштени на одмор и релаксација на плажа, таа не мирува.
Имено, Елена вчера(11.08) преку интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи го промовира своето најново видео за песната „Верувам“ кое е изработено во една сосема поинаква урбана димензија, односно како моден едиторијал.
Петреска важи за голем љубител на модата, па оттука не е случајно што така добро изгледа нејзиното најново видео во кое ги спои својата страст кон музиката и модата.
Спотот е снимен на неколку локации во Скопје, а реализиран од Дарио Јанковиќ и Зоран Кузмановски, додека песната е комплетно авторско дело на Павле Васиљевиќ.
Еве како изгледа: