Македонскиот топ-модел Елена Реи наскоро ќе замине во Токио, Јапонија, a од следната недела ја очекуваат бројни модни ангажмани. Како што велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН“, Елена веќе има закажано неколку сликања и снимања во Токио.
„Елена ќе остане три месеци во Токио, а потоа се враќа на кус одмор во Скопје, пред следните модни активности“, ни рече Алек Наумовски од „Моделс ИН“.
Елена изминатиов период го помина во Македонија, а пред заминувањето имаше фотосесија за нов козметички бренд кај нас. Компанијата која продава органска козметика и го поттикнува здравиот начин на живот, ги избра Елена и интернационалниот машки модел Павле Николовски за свои заштитни лица, исклучиво заради нивниот здрав начин на живот. Фотографиите на Елена и Павле за рекламната кампања ги направи Рилинд Хоџа.