Елена Ристеска поднела кривична пријава против жената која ја нападна во ноќен клуб: Очекувам од полицијата да го разреши случајот

Поп пејачката Елена Ристеска ја потврди информацијата дека била нападната од жена во ноќен клуб во Скопје. Таа на Инстаграм профилот сподели соопштение до јавноста.

„Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, напиша Ристеска.

Познатата поп пејачка Елена Ритеска била натепана во ноќен клуб во Скопје, според  податоците на билтенот на МВР, иако беше објавено само со иницијали. 

Според кажувањата на очвидци инцидентот се случил доцна во ноќта, односно два часа по полноќ, а пејачката била удрена со тврд предмет. 

Scroll to Top