Елизабет Харли сними еротски филм во кој има со жана, а режисер е нејзиниот син

Елизабет Харли ќе глуми во новиот еротски филм „Strictly Confidential“ во режија на нејзиниот син Демиен Харли. 58-годишната актерка има еротски сцени во филмот во кои има секс со друга жена. Ова е прв филм за младиот режисер откако дипломираше минатото лето.

Филмот е снимен во декември на Карибите, а во тогашната најава Демиен ја пофали мајка си за нејзината посветеност на ветувањето што му го дала додека тој бил сè уште дете.
„Не можам да почнам да сумирам колку интензивни и прекрасни беа изминатите неколку месеци. Навистина сум воодушевен од инспиративните и талентирани луѓе со кои можев да работам – со огромна благодарност до мојата феноменална екипа. Сите вклучени заслужуваат јавна благодарност. Сѐ ќе дојде во догледна иднина, но токму сега сакам да ѝ оддадам почит на Елизабет Харли, која за време на снимањето на мојот прв краток филм во 2010 година (кога имав 8 години), ми вети дека таа ќе биде во мојот прв долгометражен филм. Верна на нејзиното ветување, штом овој филм доби зелено светло, мама остави сè и истрча на прекрасните Кариби за да помогне. Работата заедно беше сон. Секој еден човек одигра витална улога носејќи го овој проект од сценарио до екран и засекогаш сум им благодарен“, изјави младиот режисер.

Иако датумот на прикажување на филмот сè уште не е познат, неодамна беше објавен трејлер кој прикажува млада жена по име Миа (Џорџија Лок) која е прогонувана од загубата на нејзината најдобра пријателка Ребека (Лорен МекКвин). Откако се согласува да го помине викендот во семејниот дом на Ребека за да се сеќава на неа на годишнината од нејзината смрт, Миа одлучува да започне сопствена истрага, а трејлерот ја прикажува Миа вовлечена во сплет од секс, дволичност и предавство.

Scroll to Top